Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охриѓани задоволни, летово имале добра туристичка сезона

Охриѓани задоволни, летово имале добра туристичка сезона
Општинската власт во Охрид задоволна од последната летна туристичка сезона. Велат пораснал бројот на ноќевања е за 2,8 отсто споредено со ланското лето во шпицот на летната сезона и покрај лошите временски услови. Се пофалија и дека бројот на гости во мај и септември годинава е значително поголем во однос на истите месеци минатата година, а поголема била и наплатата на туристичката такса за 16 отсто. Намалување кај домашните ноќевања за 12 % , но растат ноќевањата на странски туристи за 17%. Ова за градоначалникот Никола Бакрачески носи оптимизам и ги демантира тврдењата за лошата туристичка сезона крај езерото. „Според податоците од секторот за финансии и буџет во Општина Охрид, во првите девет месеци од оваа година имаме реализирано наплата на туристичка такса од 11, 8 милиони денари од хотели , и уште 1,9 милиони денари од приватни стано издавачи или вкупно 13,7 милиони денари што всушност претставува дури 15, 6% поголема наплата на туристичка такса за истиот период од 2012 година“, истакна Бакрачески . Тој најави дека со цел идната сезона да биде поуспешна, општина Охрид и Секторот за туризам и локален економски развој работат на усвојување на поагресивна програма пред се во промотивниот дел на туристичките можности на Охрид . „За наредната година имаме спроведено повеќе активности кои што се во подготвителна фаза. Се надевам дека сите наши замисли и проекти ќе бидат готови до крајот на 2013 година. И на една од наредните наши прес конференции ќе ги финализираме односно ќе ги изнесеме сите наши заложби за подобра туристичка сезона во 2014-та година“, истакна  градоначалникот. Од општината велат дека идната туристичка сезона треба да се формираат и туристички берзи на местата со најмногу гости за тие да можат организирано да се пречекуваат.
Слично

Поврзани вести