Охриѓанка плаќала со лажни банкноти од 500 денари
Дваесетгодишна охриѓанка е осомничена за фалсификување пари и против неа е поднесена кривична пријава.
Според полицијата, таа во периодот од април и мај оваа година, четири пати пуштила во промет лажни банкноти од по 500 денари, со идентичен сериски број. Таа лажните банкноти ги пуштила во промет во продавница во населбата Пештани, ноќен клуб и бурекџилница во Охрид.
Дека банкнотите биле лажни забележал продавачот во продавницата во Пештани, каде девојката побарала две банкноти од по 500 денари да и ги замени за 1 000 денари.
Банкнотите се одземени и спратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Слично
