Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охридскиот советник Тунтев – прва „жртва“ на верификацијата на мандатите на СДСМ

Охридскиот советник Тунтев – прва „жртва“ на верификацијата на мандатите на СДСМ
Охридскиот советник од редовите на СДСМ Томислав Тунтев денеска го загуби советничкиот мандат. Со 13 гласа „за“, 7 „против“ и еден воздржан, Советот одлучи дека денеска му престанува мандатот затоа што бил избран за пратеник во македонското Собрание. Точката била ставена на дневен ред на барање на советникот Коста Трифуновски заради неспоивост на двете функции - советничката и пратеничката. „Собранието на Република Македонија ги верификува мандатите на сите 123 новоизбрани пратеници во Собранието , а еден од нив е и Томислав Тунтев. Тој е веќе пратеник во Собранието и согласно одредбите од изборниот законик му престанува функцијата член на Советот во Општина Охрид“, објаснил Трифуновски. Ова е прв случај советник на опозицијата да го изгуби мандатот заради верификацијата на пратеничките мандати, иако за опозицијата оваа верификација е извршена насилно и против волјата на избраните пратеници. На листите на избрани пратеници од опозицијата има и други актуелни советници во општини, за кои се очекува да ги следи истиот потег. Ова беше една од причините заради кои опозицијата предводена од СДСМ денеска и официјално поднесе тужба до Управниот суд за верификацијата на мандатите. „Тужбата ја поднесуваат сите кандидати за пратеници кои со изјави на нотар се откажаа од пратеничките мандати. Од Управниот суд бараме поништување на донесената противзаконска и противуставна одлука на Собранието за верификација на мандатите“, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. Освен ова, партијата бара во меѓувреме судот да донесе времена мерка за одложување на правните последици од верификацијата на мандатите.
Слично

Поврзани вести