Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охридски Метропол со зголемени приходи и поголем број ноќевања

Охридски Метропол со зголемени приходи и поголем број ноќевања
Хотелот Mетропол, Охрид објави позитивен финански резултат во првите девет месеци од годинава. Според неревидираниот биланс за успех, објавен на Македонската берза, Метропол во овој период остварил 2,3 милиони евра приход кој е за 17,15% поголем во однос на истиот период лани,  и оданочена нето добивка од  611 илјади евра. “Метропол своето работење го оставруваше во услови на економска и финансиска криза како на меѓународниот така и на домашниот туристички пазар. Но, сепак поместувањата на приоритетните пазари за меѓународните туристички субјекти, макроекономските мерки преземени во земјава, како и промената и прилагодувањата кон другите услови и превземени активности доведоа фо зголемен остварен број на ноќевања од  69.377  или 8,31% во однос на истиот период лани “, се вели во образложението од Метропол. Вкупните расходи во првите девет месеци изнесуваат 1, 7 милиони евра и се намалени за 13.24%  во однос на расходите од истиот период лани.  
Слично

Поврзани вести