Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охрид топ дестинација за странци?

Охрид топ дестинација за странци?
Странците се заинтересирани за посета на Охрид, е заклучокот од презентацијата на македонскиот туризам на Берлинскиот саем. На штанд убавините на Македонија ги презентира  Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Македонската делегација реализира контакти со туроператори и иницијални директни договори за аранжмани, се обидува да се позиционира и во дебатата за стратегии и трендови во регионалниот и глобалниот туризам. „Се нуди езерскиот туризам, се нуди активен туризам - планинските тури, религиозен туризам и се она што имаме да го понудиме како туристички производ. Интересот за нашите производи е голем, остваривме голем број средби со туроператори, не само од Германија туку и со други туроператори кои се заинтересирани за Македонија, а ја искористија можноста на берлинската берза да остварат контакти со нашите претставници“ - изјави  Лела Крстевска, директорка на Агенција за промоција и поддршка на туризмот. Германците се интересираат за македонскиот Ерусалим- Охрид, но и за состојбата во нашата земја. Во Берлин не беше изоставена и темата за бегалската криза.
Слично

Поврзани вести