Охрид топ дестинација за Велигден за Бугарите
280 000 Бугари ќе патуваат за викендите околу Велигден, објави БНТ.
Околу 210 000 ќе празнуваат во земјата, а останатите ќе заминат за странство.
Повеќето Бугари ќе ги посетат грчките плажи, Охридското Езеро и блиските градови во Србија.
Дел од Бугарите се подготвени да се упатат и на подалечни дестинации, а како топ три за годинава се Италија, Русија и Мароко.
170 000 странци ќе ја посетат Бугарија за време на Велигденските празници. Бугарија е особено привлечна за соседите од Грција, од каде се очекува да дојдат најголем дел од туристите. Во последните години се зголемува бројот не само на посетителите од соседните земји, туку и од Германија, Австрија, Италија.
Слично
