Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАВАЈТЕ ОПАСНИ СЕ: Охрид нападнат од наезда на непознат вид ноќни пеперутки

ВНИМАВАЈТЕ ОПАСНИ СЕ: Охрид нападнат од наезда на непознат вид ноќни пеперутки

Веќе неколку дена во Охрид владее вистинска инвазија на бели пеперутки, некои ги нарекуваат и молци кои ги напаѓаат шетачите. Поради наездата на оваа напаст, станарите на околните згради не смеат да ги отворат прозорците.

Роевите пеперутки се собираат околу  светилки од уличното осветлување и болбордите а преку ден се прилепени за столбовите, светилките, патоказите, дрвјата како и под ресторанските чадори.

Овој вид на пеперутки досега не се видени на територијата на Охрид а она што загрижува е што може да завршите во болница на инфузија доколку бидете нападнати од ваков вид на инсекти.

Според информациите на надлежните овие пеперутки се автохтони и виреат ширум земјава а не само во Охрид, а веќе од утре ќе се почне со уништување на истите.

Со истиот проблем деновиве се соочува и Рожаја - град и општина на крајниот исток на Црна Гора. Затечени од овој проблем граѓаните не излегуваат на вечерни прошетки. Според тамошните медиуми се зборува дека пеперутките во допир со човечка кожа предизвикуваат чешање .

Специјалистот Рифат Муковиќ вели дека станува збор за пеперутките „euproc­tis chryso­rr­ho­ea”, кои кај луѓето предизвикуваат алергиски реакции.

-Од минатата година констатиравме дека пеперутките од ова семејство се предизвикувачи на алергиски реакции, контактен дерматитис. Овие пеперутки имаат иглички на крилјата и нозе кои се однесуваат како алергени. Иако ги имало и минатата година, ова лето во Рожаја ги има во енормно голем број - вели др. Муковиќ, истакнувајќи дека се работи за алергиски реакции од благ карактер, кои не се опасни по живот.

-Секако да некои други пеперутки - ноќни , а и дневни, може да предизвикаат алергии од анефилактички шок, но нив во оваа средина ги нема. Муковиќ истакнува дека постои приказна за оваа алергија која поминува релативно брзо, па поради тоа не се јавуваат на лекар .

Специјалистот Ибрахим Хаџиќ пак вели дека од минатата година ги изучувал пеперутките и вели дека овој вид е релативно непознат.

Главата односно предниот дел на овие пеперутки е покриен со влакна кои се отровни и предизвикуваат мали сипаници на човековата кожа. Ваков вид на пеперутки во минативе години се појави во Лондон, а претставниците на власта на Англија, кои водат сметка со своите граѓани, наредиле нивно уништување. Вели дека таму се работи за милиони примероци, што би требало да ги загрижи надлежните институции дека на примерен начин се пресметаат со оваа напаст - апелира Хаџиџ, нагласувајќи дека игличките кои ги имаат на себе овие пеперутки, се многу опасни доколку се вдишат и дојдат во допир со белите дробови.

Охрид1.ком откри кои се всушност овие пеперутки и што ги карактеризра:

Пепреутката со кафеава опашка Еупроктис крисороеа потекнува од фамилијата Лимантриидае. Овој вид пеперутки се распространети низ цела Европа. Сретнати се и во северна Америка исклучиво на брегот на Мејн и Кејп Код кадешто се смета дека инвазивниот род пристигнал во САД во 1890 година со медицинска пратка од Европа. Овод вид пеперутки се храни со 26 видови на не-смолести дрвја и грмушки кои припаѓаат на 13 семејства. Со оглед на тоа што е невообичаено за некој инсект да се храни со видови кои припаѓаат на повеќе од две различни групи, овој штетник се смета за исклучителен вид. Овие пеперутки кои понекогаш ги нарекуваат и молци, со нивната тенденција да постигнуваат неверојатна густина ги прави овие молци да претставуваат најголеми штетници на дрвени предмети, украсни дрвја, а понекогаш и овошни насади. Малите влакненца кои ги поседуваат се лесно опадливи и секаков допир со кожата може да предизвика чешање, иритација на кожата, главоболка и проблеми со дишењето. Овој вид пеперутки треба да биде третиран исклучиво со заштитни нараквици, а после секаков случаен контакт, луѓето треба да ги измијат рацете со антибактериски сапун и очите со соодветно средство.

Фото: Охрид1ком.

Слично

Поврзани вести