Охрид ќе гради индустриска зона на местото на старото стрелиште
Вкупно 13 објекти со површина од 1.530 метри квадратни и земјиште со површина од 949. 789 метри квадратни на некогашното воено стрелиште Мауцкер од денеска се во целосна сопственост на општина Охрид.
Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски симболично им ги предаде клучевите од објектите на охридските власти и со тоа и официјално им ги предаде објектите и земјиштето согласно планот за дивестирање на несуштински имот кој веќе не е во функција на одбраната.
„Би сакал да потенцирам дека со дивестирањето на несуштинскиот имот, Владата и Министерството за одбрана го помагаат и го потикнуваат локалниот економски развој, а во случајов на општина Охрид и се овозможува овој имот да го користи за свои цели, односно да го намени во мала индустриска зона со која ќе привлече инвеститори и ќе отвори нови работни места“, истакна Стефаноски.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески го презентираше планот со кој се дефинира намената на овој недвижен имот, кој во иднина ќе биде индустриска зона. Нацрт-планот за индустриската развојна зона е во завршна фаза, изработена е работна верзија за изгледот на зоната и во тек е тендерот за изработка на главниот проект

Слично