Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охрид ќе блесне во ново руво: Почнува градбата на луксузни хотели

Охрид ќе блесне во ново руво: Почнува градбата на луксузни хотели

“Дивелоп груп” деновиве ќе стартува со изградбата на познатиот бренд „Small luxury hotel“ во Охрид.

Локацијата на која ќе се наоѓа луксузниот хотел е до атрактивната „Инекс Горица“ , а за две години се очекува гостите да почнат да ги уживаат луксузните на оваа инвестиција.

Градоначлникот Бакрачески истакнува дека охридскиот туризам со оваа инвестиција полека но сигурно се движи кон една насока следејќи ги барањата и потребите на туристите при што Охрид ќе се искачи на едно повисоко ниво во поглед на стандардот и квалитетот како што и заслужува.

Во населбата „Свети Стефан“ пак ќе никнат уште два современи хотели на самиот брег на езерото, а еден хотел ќе никне и во близина на “Студенчишта”.

Кај каналот “Студенчишта” турска компанија "Фибула Ер Травел" ќе гради луксузен хотел со аква парк кој ќе биде распослан на 25 000 метри квадратни со 400 соби ќе има капацитет да смести 1000 туристи. Во негова близина веќе се гради уште еден хотел со четири ѕвезди.

Со сите овие инвестиции Охрид конечно ќе може да одговори и на најпребирливите гости, а градоначалникот потенцира дека се завршени сите припремини работи а се привршува и урбанистичко планската документација.

Слично

Поврзани вести