Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОХИС не може да се продаде во целост

ОХИС не може да се продаде во целост
Нема заинтересирани компании кои во целост би го презеле ОХИС, со долг од 26 милиони евра и технологијата со која располага, иако неколкупати се нудеше на продажба. Ова го изјави заменик- министерот за економија Кристијан Делев денеска, на седницата на Собранието на Република Македонија. Тој вели дека најлогично решение е на сите заинтересирани компании кои имаат простории под закуп да им се дозволи да ги земат објектите и да ги рестартираат. - Во целост ОХИС не може да функционира, најверојатно решението ќе биде во одредени друштва во рамките на ОХИС да бидат рестартирани односно да им се најдат партнери во некаква легална постапка, истакна Делев.
Слично

Поврзани вести