Огромно наоѓалиште со злато е пронајдено во Турција - колкав ќе биде финансискиот бенефит?
Рударската компанија „Ердемир“ денеска објави дека открила околу 424.000 унци злато во турската покраина Сивас, чија вредност се проценува на 1,7 милијарди долари.
Истражните активности на терен продолжуваат, објави Хуриет.
Досега, како дел од археолошката и геолошката работа, испитани се околу 45 хектари од вкупно 5.804 хектари од областа каде што е дозволено истражување.
Вкупно 360 дупчења беа извршени во вкупна должина од речиси 97.000 метри, а резултатите беа анализирани во меѓународно овластена лабораторија во Анкара.
Просечната содржина на злато се проценува на 0,89 грама на тон руда.
Во следната фаза ќе се изврши дополнително дупчење за да се провери густината и точната распределба на рудата, што ќе овозможи премин од статус на „можен извор“ кон „докажани резерви“.
Наоѓалиштето се третира како еден од потенцијално важните домашни извори на злато во време кога Турција се обидува да ја намали својата зависност од увоз на скапоцени метали и стратешки суровини.
Бруто пазарната вредност по денешните спотни цени на златото е речиси 1,7 милијарди долари, но тоа е теоретска бруто проценка без трошоци.
foto haberoptimum
