Огромно наоѓалиште на злато e откриено во Русија
Огромно наоѓалиште на злато e откриено во Русија, a резервите се проценуваат на 28 тони.
Експертите од „Росгеологија“ проценија дека наоѓалиштето Фјодоровско-Кедровско содржи 28 тони злато. Oва е најголемото откриено наоѓалиште на злато во 2025 година.
„Вкупните резерви на златна руда на локацијата изнесуваат 28 тони. Во билансот на состојба на државата се евидентирани резерви од 21,7 тони злато од категоријата C1+C2, со просечна количина од 1,56 грама на тон“, се наведува во соопштението.
Покрај тоа, вонбилансните резерви (надвор од границите на површинскиот рудник) изнесуваат 6,3 тони, компанијата.Според главниот геолог на „Росгеологија“ Артур Узјункојан, значајни ресурси се присутни и на работ на наоѓалиштето, како и во четири области од рудното поле, што ќе овозможи зголемување на резервите на злато.
Како што истакна Андреј Некрасов, генерален директор на компанијата „РГ Консалтинг“ (дел од „Росгеологија“), резервите се пресметани за три локации - Фјодоровско, Кедровско и Пахомовско - додека на другите четири се спроведени само прелиминарни истражувања.
На овие локации се идентификувани и ресурси со висока содржина на злато. Создавањето на проектната документација е при крај, а проценката на овие локации треба да започне оваа година.
Локацијата Фјодоровско-Кедровско се наоѓа на границата помеѓу Хакасија и Кемеровскиот регион. Покрај златото, содржи и резерви на сребро проценети на 17,6 тони. Минатата година беа откриени и наоѓалиштата Дубач во Магаданскиот регион (14,7 тони злато) и Кајурковско во Камчатка (10,8 тони злато и 12 тони сребро), објавува Спутник.
foto Gemini
