Економија, финансии, бизнис

Контакт

Огромни загуби без крај - Фон дер Лајен предупредува на колапс

Огромни загуби без крај - Фон дер Лајен предупредува на колапс

Европската Унија(EУ) губи речиси 500 милиони евра дневно поради зголемувањето на цените на фосилните горива предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, предупреди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Зборувајќи во Европскиот парламент во Стразбур, таа истакна дека за само 60 дена од конфликтот, трошоците за увоз на фосилни горива се зголемиле за повеќе од 27 милијарди евра.

„За само 60 дена, нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 27 милијарди евра, без ниту една дополнителна единица енергија“, рече таа.

Тензиите се дополнително поттикнати од стравувањата од долгорочни прекини во снабдувањето, особено поради можни ограничувања на сообраќајот низ Ормутскиот теснец, низ кој минува околу една четвртина од светската трговија со нафта.

Фон дер Лајен рече дека сегашната криза ја покажува потребата од забрзување на енергетската транзиција.

„Мораме да ја намалиме нашата зависност од увезените фосилни горива и да го зголемиме производството на домашна, прифатлива и чиста енергија“, нагласи Фон дер Лајен, пишува tportal.

Исто така, беше најавен и акционен план за електрификација, кој треба да биде презентиран до летото, заедно со пошироки мерки за зајакнување на енергетската безбедност.

Европската комисија се залага за инвестиции во електрична инфраструктура, зајакнување на обновливите извори и подобра координација во управувањето со залихите на гориво како одговор на моменталната енергетска криза.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести