Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГРОМНА ШТЕТА: Изгоре фабрика за сунѓер во Кратово

ОГРОМНА ШТЕТА: Изгоре фабрика за сунѓер во Кратово
Пожар доцна синоќа ја пеплоса фабриката за сунѓер „Силпен“ во Кратово. Според противпожарните служби, нема повредени лица, но штетата е огромна. Пожарникарите се обиделе со брза интервенција да го стават пожарот под контрола, но поради лесно запалливите суровини во објектот работата им била исклучително отежната. Ова предизвикало фабриката да изгори речиси до темел. Причините за пожарот уште се утврдуваат, но се претпоставува дека огнената стихија ја предизвикала дотраена електрична инсталација во објектот.
Слично

Поврзани вести