Економија, финансии, бизнис

Контакт

Огромен пад на невработеноста за еден квартал

Огромен пад на невработеноста за еден квартал

Стапката на невработеност по првиот квартал од 2019 изнесува 17,8 отсто, објави Заводот за статистика.

Ова е голем пад на невработеноста за период од три месеци, ако се знае дека на крајот од 2018-та изнесуваше 19,4 проценти. Во однос на истиот период лани стапката на невработеност е намалена за 3,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во I тримесечје од 2019 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 960 743 лица, од кои вработени се 789 414, а 171 329 лица се невработени

Во однос на ланскиот период јануари-февруари-март евидентирани се 41 илјада повеќе вработени во системот.

Слично

Поврзани вести