Економија, финансии, бизнис

Контакт

Огромен број Турци ќе платат за да не одат во војска

Огромен број Турци ќе платат за да не одат во војска

Околу 450.000 Турци аплицирале за да платат 2.290 долари за да не служат војска, јави агенцијата Анадолија (АА).

Апликациите се започнати од 3 август и завршуваат на 3 ноември.Според информациите, можноста за плажање за скратен воен рок продолжува со координација на Министерството за одбрана, Генералштабот и генералната команда на жандармеријата.

Турскиот парламент на 26 јули го ратификуваше законот со кој им се овозможува на турските граѓани да го намалат својот рок за воена служба со плаќање одредена сума пари.

Законот им дозволува на турските граѓани да ја заврши својата воена служба за само 21 дена, наместо за пет и пол месеци или 12 месеци, во зависност од тоа дали се на студии или не.

Според законот, граѓаните кои се родени пред 1994 година може да си го откупат речиси целосниот обврската за воена служба за 15 илјади турски лири.

Слично

Поврзани вести