Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГРАНИЧЕНИ МАРЖИ, НАМАЛЕНИ КАМАТИ, ПОПУСТИ НА СМЕТКИ: Вучиќ презентираше мерки за подобар стандард

ОГРАНИЧЕНИ МАРЖИ, НАМАЛЕНИ КАМАТИ, ПОПУСТИ НА СМЕТКИ: Вучиќ презентираше мерки за подобар стандард

Со кошнички со производи донесени во претседателската палата, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска презентираше мерки за како што рече, подобар стандард на граѓаните.

Мерките предвидуваат ограничување на трговските маржи на 20 проценти од 1 септември за околу 3.000 производи од 23 категории, намалување на каматните стапки на кредитите, измена на законот за извршители за да не можат да му одземат на должникот поединечен имот до 60 квадратни метри, дополнителни попусти на сметките за струја за најсиромашните, пензионерите и ветераните, како и пониски цени за огревно дрво, а за најранливите ќе биде бесплатно.

Кога станува збор за ограничување на маржите во малопродажбата и големопродажбата, следната недела ќе биде донесен декрет, кој ќе стапи на сила на 1 септември и ќе важи шест месеци.

Ќе се однесува само на големите трговци на мало и големо, чиј деловен приход во 2024 година е поголем од 4,5 милијарди динари и ќе вклучува околу 3.000 производи од 23 категории: храна, хемикалии за домаќинства и производи за лична хигиена.

Српскиот претседател пишуваше и на табла - ги објаснуваше математички поволностите кои би ди добиле граѓаните со овие мерки.

Слично

Поврзани вести