Ограбил банка и пеш си заминал, а полицијата уште го бара
Крадец пред два дена ограбил банка во грчкиот град Солун, одземал 7.000 евра и избегал пеш.
Откако службеникот му дал околу 7.000 евра, крадецот си отишол пешки. Полицијата вели дека тој бил вооружен, но не го употребил оружјето, ниту пак се заканувал. Тој само му дал пишана порака на службеникот дека во тек е грабеж и да му ги предаде сите пари кои ги има. Полицијата трага по крадецот.
Слично
