Огнената стихија во Хрватска однесе жртва
Хрватското противпожарно друштво (ХВЗ) денеска објави дека еден пожарникар загинал при гаснење на пожар.
Пожарот што вчера ја зафати околината на населбата Орашац кај Дубровник го гаснеа четири авиони канадери и 80 пожарникари. Огнот денеска е ставен под контрола.
Пожарот зафати 87 хектари густа борова шума во областа Орашац – Громача кај Затон (Дубровачки). Ова е најголемиот пожар во областа Дубровник оваа сезона.
Неодамна пожари имаше и во Словенија, Грција, Италија, Франција, Шпанија.
Слично
