Економија, финансии, бизнис

Контакт

Огласи за нови функционери изгласани во Собранието

Огласи за нови функционери изгласани во Собранието

Парламентот денеска на пленарна седница изгласа одлуки за објавување на оглас за избор на нови функционери. Се бараат нови членови за програмскиот совет на МРТ, нов член на Советот на АВМУ, нов заменик директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци, нов член на Комисијата за одлучување во управна постапка и двајца нови членови како и заменик претседател на Комисијата за слободен пристап до информаци од јавен карактер.

Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека пратеничката група ги добила известувањата за овие точки десетина минути пред почетокот на седницата.

-Нема логика зошто ова се прави. Рецка не ни мавате, а велите дека треба да има конструктивна опозиција. Што влијание имаме ние во процесите – рече Илијоски.

Откако владечакото мнозинство ги изгласа овие одлуки, се очекува наскоро огласите да бидат објавени во јавноста.

Слично

Поврзани вести