Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГЛАСИ: Повеќе институции вработуваат

ОГЛАСИ: Повеќе институции вработуваат

Објавени се повеќе огласи за работа во јавниот сектор. 

Министерството за информатичко општество има 9 отворени огласи за работа за плата до 36.000 денари.

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, вработува помлад соработник и раководител за месечен надомест во износ од 22.500, односно 28.300 денари.

Државниот пазарен инспекторат објави оглас за вработување на вкупно 16 лица во повеќе градови. Најниската плата е 15.700, а највисоката 25.000 денари.

Двајца соработници се потребни во Секретаријатот за законодавство во Владата за месечен надомест од 21.000 денари. Министерството за локална самоуправа вработува вкупно 4 лица за плата до 28.300 денари.

Слично

Поврзани вести