Оглас за вработување во Уни Банка
УНИБанка објавува оглас за следново работно место: Проценител на недвижен имот.
За да конкурирате на овој оглас , потребно е да ги исполнувате овие услови:
-Високо образование со положен стручен испит со Уверение од Министерство за Транспорт и врски за проценител на недвижен имот-Минимум една година работно искуство како проценител на недвижен имот, по добивање на Уверението
-Со правосилна одлука да не му е изречена мерка за забрана за вршење професија или должност
-Возачка дозвола - Б категорија
-Познавање на MS Office
Според огласот ова се должностите кои ќе треба да ги извршуваат кандидатите:
-Кандидатот треба да врши проценки и услуги поврзани со проценки на имот-Оценува извештаи за извршени проценки од страна на надворешни и внатрешни проценители
-Врши посета и увид во понуденото обезбедување (подвижен и недвижен имот)
-Комуницира со независни проценители и клиенти на Банката за технички, процедурални или други прашања
Покрај горенаведените услови, предност ќе имаат кандидати кои се динамична личност со способност за преземање на иницијатива, Одличии организациски и комуникациски вештини, Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето, Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.
Банката обезбедува основна плата во месечен нето износ од минимум 30. 000 МКД.
Огласот може да го погледнете овде.
Слично
