Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оглас за директор на АД „Водостопанство“

Оглас за директор на АД „Водостопанство“

Акционерското друштво „Водостопанство“ ќе стартува со работа во октомври.

За таа намена, Владата распиша оглас за избор на главен извршен директор.

Целта на ова акционерско друштво ќе има клучна задача во делот на спроведување на структурните реформи и програмата на Владата 2015-2025, како и инвестиции на водостопанството при што е донесена одлука за негово основање и функциониера, соопштуваат надлежните.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски ги охрабри сите оние кои веруваат  во сопствените капацитети, имаат  одлични организациски способности, се способни да работат тимски и се подготвени за целосно да се посветат на оваа задача и да вложат силен ангажман и да се соочат со овие предизвици, да аплицираат на огласот .

„Апликациите траат до 31 август, а огласот има за цел  да отвори можност за што поголем број кандидати кои имаат искуство во областа од градежништвото, финансиите, земјоделството или правото“, рече Костадиновски.

Водостопанските претријатија кои постојат и водните заедници кои се уште се актуелни, ќе бидат затворени, а инфраструктурата што е во нивна сопственост ќе премине во целосна надлежност на АД „Водостопанство“ на Република Македонија.

Водостопанските претпријатија, пак, кои имаа за цел да менаџираат со хидросистемите и водостопанската инфраструктура, како каналите за наводнување и одводнување, ќе функционираат како подружници и секој раководител ќе има обврска во делот на регионот за кој е надлежен да доставува програма и да изврши добро планирање.

Слично

Поврзани вести