ОГЛАС: Владата вработува уште 194 лица
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија објави оглас за вработување на 194 лица како државни службеници. Огласот е објавен утрово на веб страницата на Агенцијата за администрација.
Со него се бараат: двајца државни советници за политички систем, 22-ца помлади соработници за општи и административни работи, 12 помлади соработници за економија и бизнис администрација, 26 помлади соработници за административни работи, 18 помлади соработници за стручни и административни работи, 32 помлади соработници за оперативна поддршка за технички работи, 9 помлади соработници за оперативна поддршка за ракување со техничката опрема, 54 помлади референти за технички работи и 19 помлади референти за оперативна поддршка за технички работи.
Платите за овие позиции се движат од 13.140 (за позицијата помлад референт) до 36.855 денари (за позицијата државен советник). Рокот за доставување на пријавите изнесува пет дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето).
Работно искуство е потребно само за позициите државен советник, додека за другите се бараат кадри без работно искуство.
Слично
