Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГЛАС: Владата бара директор, конзул и економски промотори

ОГЛАС: Владата бара директор, конзул и економски промотори
Владата на Република Македонија објави Јавен повик за ангажирање на четири лица кои ќе дојдат на позициите директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, генерален конзул во Минхен како и две позиции за економски промотори во Шангај и Монтреал. Овој повик се однесува на сите заинтересирани граѓани кои ќе пројават интерес за ангажман на некоја од овие работни позиции и кои ќе ги исполнуваат условите односно соодветно образование и работно искуство, знаења и вештини, идеи и мотивација, како и подготвеност да придонесат во реализацијата на реформите и проектите во сите општествени сфери. Ова го истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев кој нагласи дека иако оваа можност е отворена за секого, приоритет на Владата во овој процес не е да се обезбеди масовност, туку повик за овие позиции да аплицираат најквалитетните и најспособните кандидати, кои со своите вештини и знаење ќе придонесат за реализација на целите и интересите Повикот за првите две позиции е распишан од страна на Владата, а за позициите на промотори од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Заинтересираните кандидати потребно е да достават: пополнета апликација, која може да се најде на веб страната на Владата на РМ.
Слично

Поврзани вести