ОГЛАС: Seavus вработува 400 информатичари
Македонската софтверска компанија Seavus го шири бизнисот - објави оглас за 400 нови вработувања. Нови ИТ кадри компанијата ќе бара во неколку македонски градови - Гостивар, Тетово, кавадарци, Прилеп, Струмица, Радовиш, Делчево и Пробиштип.
Свои канцеларии на почетокот на годинава, Seavus има отворено во Охрид и Битола. Иницијативата е дел од стратегијата за експанзија на компанијата во поширокиот регион на Југоисточна Европа во кој веќе функционираат канцелариите во Белград, Ниш и Крагуевац.
Во Seavus во моментов работат преку 500 експерти за информатички технологии, а компанијата нуди широк спектар од софтверски производи, решенија и услуги, покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.
Слично
