ОГЛАС: „Пелистер“ бара 10 фудбалери – среднисти
Фудбалскиот клуб „Пелистер“ објави оглас за вработување на 10 фудбалери на определено работно време, објави порталот Спортмедиа. Во огласот на македонскиот прволигаш и еден од конкурентите за освојување на шампионската титула во македонското фудбалско првенство сезонава, од кандидатите не се бара да исполнуваат некои посебни услови - доволно е да завршиле средно образование.
Јавни огласи за вработување на фудбалери македонските фудбалски клубови започнаа да објавуваат откако со новиот Закон за спорт се трансформираа во акционерски друштва.
Но, она што зачудува во огласот на битолскиот фудбалски клуб е што според критериумите, на него може да се пријави речиси секој - не е потребно да е професионален играч на фудбал, па дури ниту да играл фудбал воопшто. Десетте извршители - фудбалери ќе склучат со клубот договор за работа на една година.
Во огласот, кој трае 5 дена, не е наведена платата која е подготвен клубот да им ја дава на новите вработени.
Слично
