Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оглас на Владата за странски експерти во домашните компании

Оглас на Владата за странски експерти во домашните компании

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција информира дека се оди во втор циклус од овој проект со оглед на позитивните резултати од веќе реализираниот прв циклус.

Домашните компании од утре ќе може да изразат интерес за ангажирање странски експерти преку проектот што го иницира и спроведува Владата на Македонија . Огласот ќе биде објавен утре и ќе трае во наредните 45 дена. Фокусот во овој втор циклус се малите и средни претпријатија.

На огласот можат да се пријават компании со најмалку 51 процент домашен капитал, кои постојат најмалку две години и имаат од пет до 250 вработени.

Ќе можат да е пријават компании од сите сектори и да се ангажираат експерти во сите сегменти од нивниот процес на работа каде што имаат потреба од унапредување и подобрување на работењето. Владата ги покрива 95 проценти од трошоците, а резултатите се гледаат најмногу преку отворените нови работни места, посочи Ѓорѓиев.

Владата очекува и овој циклус да биде успешен како и претходниот во кој се пријавиле 98 компании, а 85 проценти од нив изразиле потреба за продолжување на ангажирањето на странските експерти во нивната компанија.

Слично

Поврзани вести