ОГЛАС НА МВР: Се бараат 47 луѓе за различни позиции
Ќе треба да се вработат 47 луѓе во полиција.
Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување и бара 47 луѓе за повеќе работни позиции.
За 30 од овие работни места потребни се кандидати со завршен Факултет од областа на безбедноста, четворица со завршен Правен факултет, три извршители со завршен Економски факултет, 2 извршители со завршен Факултет за информатички технологии и 8 лица со завршено средно електро-техничко училиште или друго средно образование во областа.
Деталите за работните позиции можете да ги погледнете тука.
Слично
