Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГЛАС: МОН бара наставници кои ќе работат во државно меѓународно основно училиште

ОГЛАС: МОН бара наставници кои ќе работат во државно меѓународно основно училиште

На македонско тло за прв пат ќе никне државно меѓународно основно училиште.

Од Министерството за образование го најавија стартот на улилиштето барајќи наставници кои треба да исполнат неколку критериуми, односно да имаат сертификат за познавање англиски јазик.

Од оваа институција велат дека дел од наставата ќе се одвива на македонски и а дел на англиски јазик.

Пријавувањето е до 25 ноември а наставата би почнала да се реализира во учебната 2016-17 година.

Како што соопшти заменик министерот Спиро Ристовски за почеток би се формирале една или две паралелки, а запишувањето би било бесплатно.

„Се повеќе има интерес кај родителите и децата да учат на англиски јазик, дел од нив се запишуваат во приватни училишта. Затоа како Влада одлучивме прво да најдеме соодветен кадар“ изјави Ристовски.

Проектот МОН го реализира во  соработка со Британскиот совет-Скопје.

Слично

Поврзани вести