ОГЛАС: Кредити за отворање нови работни места
Агенција за вработување распиша нов оглас за кредитирање на кој можат да се пријавуваат и невработените и работодавачите кои сакаат да отворат нови работни места. Станува збор за кредити со кои можат да се финансираат четири мерки: самовработување, самовработување на млади лица до 29 години, кредитирање фирми за отворање нови работни места и кредитирање на фирми кои ќе отворат работни места за млади до 29 години.
Огласот трае до 22 август. Агенцијата на веб страницата има објавено и предлог бизнис-план кој треба да им помогне на апликантите при изготвувањето сопствен, односно да им покаже како треба да изгледа. „Активните мерки за вработување се покажаа повеќе од успешни. Кредитирањето продолжува, имаме доволно средства“, вели директорот на Агенцијата Влатко Поповски.
На младите им се нудат кредити во висина од 7000 евра за кредитобарателот и уште 4000 евра за секое новоотворено работно место – или максимум 23.000 евра за отворени 5 работни места.
За секое ново отворено работно место, работодвачит, пак, ќе добиваат по 4000 евра или најмногу 12.000 кредит за три нови работни места.
Слично
