Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГЛАС: АРМ вработува професионални војници

ОГЛАС: АРМ вработува професионални војници

АРМ објави повик за вработување на 125 професионални војници.

Доколку сметате дека може да ја исполните обврската и да придонесете кон  безбедноста на својата татковина во заштита на нејзиниот територијален суверенитет, пријавете се на огласот кој е објавен во  дневните весници во Република Македонија и на веб – страницата на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk.

Изборот ќе се одвива така што ќе се прави писмено тестирање (општообразовен тест и психолошки тест), ќе се проверува физичката способност, интервју и здравствени прегледи од страна на посебни комисии формирани од Министерството за одбрана.

Целта на сите тестови е да се продолжи со традиционалното ангажирање на најдобрите кандидати за професионални војници со развиени психофиички способности и високи морални и етички стандарди.

Лани во АРМ беа примени  250 професионални војници.

Слично

Поврзани вести