Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГЛАС: 200 кандидати се пријавиле да го советуваат Груевски

ОГЛАС: 200 кандидати се пријавиле да го советуваат Груевски
Над 200 граѓани се пријавиле за 13-те советнички места во Кабинетот на премиерот Никола Груевски, информираше портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев. Огласот трае до 14 јули, па се очекува овој број уште повеќе да се зголемува. Најмногу советници се пријавиле за политички прашања, Европска унија и надворешни работи. Освен во овие области, премиерот бара советници и за: животна средина, рударство и минерални суровини, за култура, економија, претприемаштво, индустрија и иновации, земјоделство, правосуство и администрација, енергетика, транспорт и врски, информациони технологии и телекомуникации и за локална самоуправа. “Ова се многу значајни и одговорни позиции и затоа ние аплериаме за пројавување на интерес и аплицирање од страна на најуспешните, најспособните и најквалитетните кадри. Лица коишто имаат повеќегодишно работно искуство и коишто имаат соодветно образование и задолжително познавање на англискиот јазик и имаат резултати во својата работа, да имаат волја, енергија и идеи да се вклучат во реализиација на една комплексна владина програма и реализација на голем број проекти коишто се од интерес на граѓаните“, вели Ѓорѓиев. Заинтересираните треба да аплицираат по електронски пат на веб-страната на македонската Влада со приложување на лична биографија и мотивациско писмо, како и дипломи и сертификати доколку ги поседуваат.  
Слично

Поврзани вести