Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално: МТВ ќе се гледа на територија на Бугарија

Официјално: МТВ ќе се гледа на територија на Бугарија

МТВ за неколку денови ќе почне да се  гледа  и на територијата на Бугарија. Договорот за бесплатно емитување  и правото за реемитување го потпишаа  директорот на  МТВ Марјан Цветковски и претседателот на Бугарската асоцијација за кабелски и комуникациски  оператори  Димитар Радев.

Според претседателот на Македонско Бугарската Стопанска Комора Зоре Темелковски  кој беше главен иницијатор за реализирање на идејата за реемитување на програмата на МТВ и БНТ изрази задоволство што  проектот се реализирал за релативно краток период.

mtv 2

„Оосбено ми е драго што граѓаните од двете змеји ќе можат да ги следат програмите  на националните телевизии, додавајќи дека тоа е од исклучителна важност во  градењето на позитивна клима меѓу двата соседа  и во јакнење  на меѓусебната доверба“, рече Темелковски кој беше придружуван од  претседателот на надзорниот одбор на МБСК  Кирил Пендев .

Од страна на потписниците на Меморандумот Радев и Цветковски  беше констатирано дека овој чин е од исклучителна  важност  за добрососедски меѓудржавни односи.

mtv 1

Претседателот на  агенцијата за медиуми на Бугарија Ѓорѓи Лозанов  рече дека двете национални телевизии покажале дека се чекор напред  во однос на јакењето на релациите меѓу двата народа . Бугарската национална телевизија (БНТ)  од декември  минатата година почнаа да се реемитува  на територијата на Македонија преку домашните кабелски оператори.

Инаку, Македонско Бугарската Стопанска  Комора во Софија беше  и  коорганизатор на Бугарско-Македонскиот бизнис форум на кој учествуваа речиси 100 компании од двете земји.

Слично

Поврзани вести