Официјално кинескиот јуан стана меѓународна валута
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) деновиве официјално го призна кинескиот јуан за меѓународна резервна валута.
Тој ќе се појави во извештаите за четвртиот квартал од 2016 година, стои на сајтот на ММФ. Меѓународниот монетарен фонд ќе влијае кинескиот јуан да се појави во официјалната база на податоци за девизните резерви од 1 октомври 2016 година.
Другите резервни валути на ММФ се американскиот долар, еврото, јапонскиот јен и британската фунта.
Кинескиот јуан во моментов е петтата користена валута за меѓународни трансакции, со околу 3% удел, според податоците на SWIFT ( "Свифт") - глобална организација за размена на финансиски информации, во која членуваат 10 800 водечки финансиски компании и корпорации од 200 земји.
Слично
