Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално Еврозоната влезе во дефлација!

Официјално Еврозоната влезе во дефлација!

Еврозоната и официјално е во дефлација, а ова е прв пат од 2009 година инфлацијата во декември да премине во негативната зона, покажуваат официјалните податоци.

Во еврозоната во декември е регистрирана негативна инфлација од минус 0,2 одсто, како последица на падот на цените на нафта и потенцијални големи проблеми и ризик од обновување на кризата во Грција.

Стравувањата од потенцијален излез на Грција од еврозоната ако на овомесечните избори во Атина победи левичарската партија, предивикаа оваа недела пад на европските акции, но и пад на еврото на деветгодишен минимум наспроти доларот, пренесува Франс прес.

Последен пат кога потрошувачките цени се „лизнаа“ на негативна територија беше во октомври 2009 година , на врвот на глобалната финансиска криза.

Економистите сега чекаат потег на Европската централна банка, која најави активирање на програмот на широко купување на обврзници, доколку инфлацијата достигне нула.

Слично

Поврзани вести