Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОФИЦИЈАЛНА ЛИСТА: Ова се имињата чија аболиција беше поништена

ОФИЦИЈАЛНА ЛИСТА: Ова се имињата чија аболиција беше поништена

Во „Службен весник“ е објавена официјалната листа на лица чија аболиција се поништува откако претседателот Ѓорге Иванов вчера реши да ја повлече одлуката за помилување на 22 лица.

Имено, официјалната листа вели дека  претседателот Ѓорге Иванов ја поништи аболицијата за двајцата политички опоненти  Никола Груевски и Зоран Заев, потоа поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски се дел од лицата чии имиња се објавени во Службен весник за кои претседателот Ѓорге Иванов ја поништи аболицијата.

На официјалната листа може да се прочитаат и имињата на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешниот претседател Бранко Црвенковски, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, советникот во Владата, Мартин Протоѓер, членот на ДИК, Бедредин Ибраими, како и функционерите од локалната власт Коце Трајановски, Ирена Мишева, Тони Трајковски, Владимир Талевски и Владимир Тодоровиќ.

Потоа следуваат поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и Бранко Палифров, директорот на затворот Идризово, Живко Пејковски, високиот функционер во МВР, Тони Јакимовски, како и членот на општинската изборна комисија во Чаир, Исмет Гури.

Како што споменавме Иванов ја поништи аболицијата но само делумно.

На 12-ти април тој амнестираше 56 лица. Иванов ги повика сите останати кои сакаат да им биде поништена амнестијата да поднесат барање за тоа.

Брисел и Вашингтон бараат целосно повлекување на амнестијата

Американската амбасада во Република Македонија повика за целосно повлекување на амнестијата која претседателот на земјата Ѓорге Иванов ја најави на 12 април оваа година.

„Делумно или селективното повлекување на амнестијата само ќе го зголеми чувството на ненаказанност и ќе спречи Македонија да постигне напредок во остварувањето на нејзините цели, вклучувајќи и нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО. Македонија мора да го реши овој проблем целосно“, се вели во кратката порака на амбасадата во Скопје.

Доцна синоќа еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан исто така, повика за целосно укинување на амнестијата од 12-ти април.

„Одлуката на Иванов да ја поништи амнестијата само на одреден број луѓе не е доволно. ЕУ неколку пати повика да се избегне селективната правда“, напиша Хан во свој профил на Твитер.

Слично

Поврзани вести