Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјален став: Еве како поминавме на Саемот за туризам во Финска

Официјален став: Еве како поминавме на Саемот за туризам во Финска
Македонија како атрактивна туристичка дестинација успешно се претстави на Саемот за туризам во Хелсинки, Финска кој се одржа оваа година од 17-20 Јануари, стои во соопштението на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Претставниците од Агенцијата за туризам беа во придружба на македонските приватни туристичките агенции „Бадем турс”, „Атлантис” и  финската агенција „Naantalin Matkakauppa”. Македонскиот штанд беше посетен од Амбасадорот на РМ во Шведска и Финска, Г-дин Кире Илиоски и фински компании “Похјанмаа Травел”, “Јахти Маткат”, “Матка Виталиа”, асоцијација на фински тур оператори Смал Афта и Елфи – Естонска туристичка асоцијација, информираат од Агенцијата. „Владината одлука за зголемување на субвенциите за туристите од Финска предизвика голем внимание и интерес од страна на најголемите тур оператори во Финска и се надеваме дека успешната соработка со “Aurinkomatkat и Finnair“ ќе продолжи и ќе се интензивира во наредните години” изјави Амбасадорот на РМ во Шведска и Финска, Г-дин Кире Илиоски. Како што истакнуваат од Агенцијата, благодарение на новиот, поубав и поголем штанд, транспарентите и перфектните промотивни и исцрпни материјали успеале да го привлечат вниманието на туристите заинтересирани за нашата култура, историја и можностите што ги нуди Македонија. Зголемен број на туристи од Финска ветува и соработката со тур операторите “Aurinkomatkat и Finnair”, посочуваат од Агенцијата. Инаку, годинава значително е зголемен буџетот на Агенцијата за туризам, кој од 1 милион евра во 2012 , годинава обезбеди околу 2,5 милиони евра. Од Владата посочија дека парите ќе бидат главно инвестирани за промоција на Македонија на околу 18 саеми низ светот.
Слично

Поврзани вести