Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално започна изборниот молк

Официјално започна изборниот молк
Точно на полноќ заврши двојната кампања - и за парламентарните и за вториот круг од претседателските избори, а започна изборниот молк. Вечерва се одржаа завршните митинзи на кандидатите, политичките партии и коалициите кои учествуваат на изборите. Во вториот круг од претседателските избори в недела ќе се соочат давјца кандидати најдобро пласирани во првиот круг. Нов претседател на државата ќе биде кандидатот кој ќе освои повеќе гласови, под услов на изборите да излезат најмалку 40% од гласачите запишани во избирачкиот список. На 3.480 избирачки места во земјата право на глас на претседателските избори имаат 1.779.572 избирачи. Во избирачкиот список за парламентарните избори, пак, се запишани 1.780.128 избирачи. За место во следниот состав на Собранието се борат 14 политички партии и коалиции. Распоредот на мандатите се утврдува по еден круг на гласање, според пропорционалниот модел, согласно бројот на освоени гласови. Уште денеска, ден пред официјалниот изборен ден, гласа дијаспората, затворениците, лицата во домашен притвор, внатрешно раселените лица и болните и немоќните лица. Додека трае изборниот молк и порталот Фактор ќе ги прилагоди своите содржини.
Слично

Поврзани вести