Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално: Заев и Рама одат кај Вучиќ

Официјално: Заев и Рама одат кај Вучиќ

Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ денеска официјално го потврди заедничкиот состанок со македонскиот и албанскиот премиер - Зоран Заев и Еди Рама в четврток во Нови Сад.

Оваа средба е поттикната помеѓу тројцата политички лидери уште на Генералното собрание на ОН во Њујорк а замислата е трите земји од Западен Балкан да формираат таканаречен „Мал Шенген“ за земјите од регионот така што ќе се олесни трговијата и соработката, иако скептиците од друга страна сметаат дека не е добро да се формираат вакви групирања надвор од ЕУ.

Средбата е закажана за 10 октомври во Нови Сад во Офицерскиот павиљон на Петроварадинската тврдина, а Вучиќ за оваа идеја  рече дека станува збор за „епохална идеја“ која добила „целосен консензус“ од премиерите на Северна Македонија и Албанија.

– Сфативме дека поединечно сме мали и слаби, но ако се обединиме во однос на економските слободи, ако излеземе како блок кон Европската Унија и другите, верувам дека нашата сила ќе биде неспоредливо поголема. Сакаме поцврсто економски да се поврземе, со што драматично би го зголемиле нивото на инвестирање, такво опкружување каде би имале целосна слобода на движењето, сообраќајот и услугите, сето ова би не подигнало и за тоа наидов на целосна отвореност на Заев и Рама, кажа претседателот на Србија.


Слично

Поврзани вести