Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално: Утре Бочварски со „Гуливер“ директно ќе долета од Софија во Скопје

Официјално: Утре Бочварски со „Гуливер“ директно ќе долета од Софија во Скопје

Министерството за транспорт и врски денеска потврди дека утре на Меѓународниот аеродром Скопје ќе се реализира првиот лет на линијата Софија – Скопје, во 09:40 часот, а името на авиокомпанијата која ќе го изведе официјално е GullivAir, 

Бочварски денеска ќе има средба во Софија заедно со нашите тимови на Комисијата за транспорт и инфаструктура а утре ќе се организира првиот лет од Софија за Скопје каде заедно со делегациите од нашата страна и бугарскиот министер и туроператори од Бугарија ќе бидат дел од тој лет заедно. 

Утре во Скопје е предвидена заедничка средба со туроператорите од  Македонија, каде што се очекува да се најдат сите поволности и можности и најдобри солуции за граѓаните, за да во иднина оваа линија биде операбилна и да може да оперира редовно на релација Софија – Скопје

Слично

Поврзани вести