КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ: Светозар Јаневски открива што понатаму со Белградската индустрија за пиво!
Одборот на доверители на Белградската индустрија
за пиво ја прифати понудата на компанијата „М - 6 Еден“ на бизнисменот Светозар
Јаневски за закуп на БИП. Јаневски планира да вработи 300 лица.. Јаневски
планира гринфилд инвестиција од 30 милиони евра за изградба на нов
производствен погон.
Погонот ќе биде на локација која не се наоѓа во склоп на сегашната фабрика на БИП кај Мостарската клучка во Белград. Тоа го пишува во намерата која Јаневски ја испратил во 2015 година на тогашниот министер за економија Жељко Сертич. Новиот закупец на Белградската индустрија за пиво планира во наредниот период за вработи 300 лица и да вложи во нови производствени капацитети, а како што за „Танјуг“ изјавил Јаневски, тој не е заинтересиран за „освојување“ на недвижнини и локации, туку за оживување на прозводството на БИП.
Понуда на Јаневски
912 000 евра годишно за закуп на БИП и сите негови брендови, ова е понудата што ја доставила српската компанија „М - 6 Еден“, која е во сопственост на Јаневски.
Јаневски вели дека кај српската јавност непотребно е создадена тензија во врска со закупот на БИП, објаснувајќи дека неговите намери не биле да тргува со недвижности, туку да произведува, за што додава, бил подготвен прецизен план.
„Во нашите досегашни разговори со српската Влада јасно ја потенциравме и истакнавме нашата желба да ја унапредиме и оживееме БИП, а исто така истакнавме дека не сме заинтересирани за земјиштето и недвижности, туку само за производство и дистрибуција на пиво и останатите производи кои би ги правеле“, изјавил Јаневски.
Јаневски ќе вработи 300 нови лица
Првиот човек на „М - 6 Еден“, Светозар Јаневски, објаснува дека неговиот план е да вработи многу повеќе луѓе отколку тоа што им е обврска, но тоа не може да се направи брзо, туку неопходно е да се градат нови дистрибутивни центри и обновување на соработката со старите партнери на БИП.
„Како ќе се движи растот на производството, така ќе вработуваме нови лица, а планот е да дојдеме до бројка од 200 до 300 нови вработени“, изјавил Јаневски, инаку сопственик на винаријата „Тиквеш“.
Говорејќи за малите акционери, како што ги нарече „опашки од минатото“, како и за долговите на БИП спрема државата и банките, Јаневски вели дека како закупец не може да вложува во капиталот на претпријатието, а и дека не е надлежен да репава проблеми од минатото кои се однесуваат на малите акционери.
„Ние не задираме во капиталот на БИП и во сопственичката структура. Наша цела е со Владата на Србија да направиме договор за финасиските опашки од минатото, да се договориме со банките за начинот на отплата на долговите и секако да го решиме проблемот со хипотеката“, објаснува Јаневски.
Јаневски за две недели и официјално го добива договорот
Јаневски вели дека БИП на државата и должи 25 милиони евра, а намерата на неговиот иден тим е да направата проценка на производтсвените погони за да се внесе свеж капитал и да се осовремени идното производство.
„Рентираме и инвестираме, тоа е нашата моментална позиција. Прво мораме да ги решиме техничките работи на терен, а потоа ќе работиме на оживување на брендот, креирање на неколку дистрибутивни центри“, вели Јаневски и додава дека за две недели треба да го добијат договорот од Одборот на доверители, така што и официјално ќе влезат во фабриката.
Понуда за закуп на БИП доставиле и Конзорциумот „Инса“ од Земун, „Певец“ од Крагујевац и фирмата „Унидроп“, изјавија од Агенцијата за лиценцирање на стечајни управници, а финансиски наповолна понуда доставил „М - 6 Еден“, на македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски.
И.М
