Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално пресметан бројот на исчезнати во Грција

Официјално пресметан бројот на исчезнати во Грција

Вкупно 25 лица се водат за исчезнати, а 91 го загубија животот, беше официјално соопштено вечерва според дефинитивната евиденција на службите по катастрофалните пожари што во понеделникот го зафатија источниот дел на областа Атика. 

- Од процесот на проверка на податоците произлегува дека исчезнати се 25 лица, кои официјално беа пријавени во нашата служба, од страна на нивните роднини, по кои продолжуваат потрагите. Дирекцијата за кривични истраги до сега ја заврши идентификацијата на 59 тела, додека преостанува да бидат идентификувани уште 28 тела - соопшти портпаролката на противпожарната служба на Грција, Ставрула Малири на вонредната прес-конференција одржана вечерва. 

Четири лица во меѓувреме им подлегнаа на повредите од тешките изгореници откако беа хоспитализирани во болниците во Атика, 

Слично

Поврзани вести