ОФИЦИЈАЛНО: Пратениците на СДСМ поднесоа оставки
Вкупно 33 пратеници на СДСМ поднесоа оставки на пратеничките функции денеска до Собранието. Оставка не поднесе единствено Роза Топузовска - Каревска од ЛДП , која најави дека нема намера да си поднесе оставка.
Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев истакна, дека сите партии во опозицискиот блок, веќе изградиле платформи за вонинституционално делување и дека набрзо сите ќе бидат усогласени во заедничка платформа на опозицискиот сојуз. Ги повтори барањата за техничка влада, која би организирала нови избори
Фото: Прес24
Слично
