ОФИЦИЈАЛНО: Иванов и Пендаровски одат во втор круг со разлика од речиси 123.000 гласа
Државната изборна комисија ги преброја сите гласови и излезе со првичните официјални резултати од првиот круг на претседателските избори. Според нив, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов, победи со добиени 449.068 гласа (51,67 отсто), додека втор е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски со 326.133 гласа (37,52 отсто). Овие два кандидати ќе одат во вториот круг, закажан за 27 април.
Кандидатот на ДПА Илјаз Халими освои 38.966 гласа, односно 4,48 проценти, додека кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски ја заврши изборната трка со 31.366 гласа или 3,61 процент.
Според претседателот на ДИК Никола Рилковски, изборната комисија ќе почека пред да ги квалификува изборите како „фер и демократски“ и за тоа дополнително ќе се произнесе.
Резултатите од гласањето во цела Македонија, но и по општини се објавени на вебстраницата на ДИК. Како едно од поголемите изненадувања во вчерашниот прв круг од изборната трка се смета фактот што Иванов во Тетово успеал за околу 500 гласа да го победи албанскиот кандидат Халими.
Слично
