Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОФИЦИЈАЛНО: Даниела Арсовска на местото на Калеников во Сојузот на стопански комори

ОФИЦИЈАЛНО: Даниела Арсовска на местото на Калеников во Сојузот на стопански комори
Жена-бизнисменка ќе раководи со Сојузот на стопански комори на Македонија. Како што веќе објави Фактор, Даниела Арсовска денеска и официјално ја доби поддршката за претседателската функција. Со 232 гласа го победи нејзиниот противкандидат Мирче Чекреџи кој освои 152 гласа на годишната седница на Собранието на оваа организација. Досегашната претседателка на Услужната комора најави дека ќе работи во насока на создавање на подобри услови за работа и развој на микро, малите и средни претпријатија. „Ќе се залагам за организациски развој на Сојузот, економски раст на компаниите, нивно институционално и вонинституционално помагање, иницирани законски измени и двојно зголемување на бројот на членството“, нагласи таа. Чекреџи уште на самиот почеток на седницата истакна дека се кандидира само за да покаже дека нема ништо страшно во конкуренцијата - досега за претседател на ССК секогаш се кандидирал само еден кандидат. „Како основач на ССК и нејзин член се пријавив за да им покажам на младите дека нема ништо страшно ако има демократија. И ако не бидам избран за претседател, ќе останам член на ССК, а мојот мотив за да се кандидирам беше да се создаде демократски амбиент“, истакна Чекреџи. Претходниот претседател Златко Калеников ја извршуваше функцијата 5,5 години, а изјави дека не се кандидирал пак од етички и приватни причини.
Слично

Поврзани вести