ОФИЦИЈАЛНО: Четворица кандидати во претседателска трка
Ѓорге Иванов од ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ, Илијаз Халими од ДПА и Зоран Поповски од ГРОМ - ова се четворицата кандидати за претседател на државата кои за својата кандидатура го поминаа и филтерот на Државната изборна комисија.
ДИК ги верификуваше нивните кандидатури со што тие и официјално мора да ги запрат сите активности за лична промоција сé до официјалниот старт на изборната кампања, закажан за 24 март.
За кандидатурите на Иванов, Пендаровски и Поповски гласаа 6 од седуммина членови на ДИК, додека против беше само членот Субхи Јакупи од ДУИ чија партија ги бојкотира претседателските избори. За кандидатурата на Халими, Јакупи беше воздржан.
За овие четворица претседателски кандидати граѓаните ќе треба да се изјаснат на изборите закажани за 13 април.
Слично
