Официјално: 2025 заврши со висока инфлација од 4,1 отсто, следува промена на методологијата на пресметка
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година изнесува 4,1 отсто, објави денес Заводот за статистика. Со истата висина на релативно висока инфлација заврши целокупно 2025 споредено со 2024 година.
„Индексот на трошоците на животот во 2025 година, во однос на 2024 година, бележи пораст од 4.1 %, а индексот на цените на мало од 3.6 %.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2025 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката.
Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7.2 %, Рекреација и култура за 6.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 5.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4.6 %, Разновидни стоки и услуги за 3.7 %, Облека и обувки, Здравје за 3.1 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.8 %, Комуникации за 1.3 %, Транспорт за 0.8 % и Образование за 0.1 %“, се вели во соопштението.
Во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4 % и Облека и обувки за 0.2 %.
Од јануари 2026 година ќе стапи во сила методолошка промена во Индексите на трошоците на животот и Хармонизираниот индекс на трошоците на животот поради стапувањето во сила на директно применливите регулативи на ЕУ, обврзувачки за сите земји-членки на ЕУ, како што следува:
- Индексите ќе бидат структурирани според новата Европска класификација на индивидуална потрошувачка според намена, ECOICOP верзија 2, усогласена со Класификацијата на Обединетите нации UN COICOP 2018, известува статистиката
