Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оф-шор фирма на Украинец плати 3 милиони евра за десетина од акциите во „Коппер инвестментс“?

Оф-шор фирма на Украинец плати 3 милиони евра за десетина од акциите во „Коппер инвестментс“?

Валентин Дрозденко, бизнисмен од Киев, Украина е нов член на Одбор на директори во „Коппер инвестментс“ и многу е веројатно дека е претставник на НЦГ „Капитал Инвестментс Лимитед“ впишана во регистар на Британски девствени острови. Оваа компанија во два наврати плати над 3 милиони евра за 10 отсто од акциите на „Коппер инвестментс“ која треба да вади бакарна руда, а има акумулирана загуба од 4 милиони евра.

НЦГ Капитал инвестментс лимитед (NCG Capital Invesmtents Limited) е новиот сопственик на акции во македонската фирма „Коппер Инвестментс лимитед“, објави Македонска берза соопштение од таа компанија што може да го најдете на следниот линк http://www.mse.mk/Objavi/.

НЦГ Капитал инвестментс лимитед е компанија што ова лето во два наврати купи над 10 отсто од акциите во домашната компанија „Коппер Инвестментс“ и за тоа плати околу 3,2 милиони евра. „Фактор“ пишуваше за овие блок трансакции што го привлекоа вниманието на македонската инвеститорска јавност заради тоа што оваа компанија плати над 3 милиони евра за нешто над 10 отсто од акциите во „Коппер инвестментс“ фирма што постои четири години, има загуба од 4 милиони евра и треба да копа бакарна руда во земјава. Повеќе може да прочитате на следниот http://faktor.mk/zoshto-stranska-firma-plati-2-milioni-evra-za-grst-akcii-vo-domashna-firma-zagubar

Новиот газда е Украинец, а фирмата е во регистарот на оф-шор зоната Британски девствени острови?

Единствено место каде што може да се најде „НЦГ Капитал инвестментс лимитед“ е регистар на Комисија за финансиски сервиси на Британските девствени острови – позната европска оф-шор зона. Називот на фирмата е во регистар објавен на следниот линк http://www.bvifsc.vg/enau/regulatedentities/investmentbusiness/approvedmanagers.aspx

Да потсетиме главен белег на географските локации што се оф-шор зони е тоа што не се објавуваат називите на сопствениците на основачки удели и други повластици преку кои се обезбедува анонимност на инвеститорите. Освен податоците објавени на Комисијата за финансиски сервиси други податоци за „НЦГ Капитал инвестментс лимитед“ на пребарувачот „Гугл“ не можат да се најдат во директна форма.  Во известувањето од „Коппер инвестментс“ до берзата, достапно на следниот линк http://www.mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%

може да се прочита дека има промена во Одборот на директори со тоа што на последното акционерско собрание е назначен нов неизвршен член. „Фактор“ од архивата на Централен регистар на Македонија утврди дека промената е објавена на 16 август годинава (во 15:01:49 часот) и нов неизвршен член на Одборот на директори е Валентин Дрозденко од Киев, Украина. Во регистрацијата на ЦРМ е наведено дека Дроздоненко е бизнисмен. 

Дрозденко е единствен нов член на Одборот на директори во „Коппер инвестментс“. Во Одборот на директори им е даден нов мандат на дотогашните членови: Артем Скубенко од Лондон, Велика Британија (менаџер за инвестиции), Артем Кадомскиј од Киев, Украина (правник), Игор Переверзев од Киев, Украина (математичар), Сергеј Надеждин од Киев, Украина (рударски инженер), Володимир Скубенко од Киев, Украина (доктор по економски науки).

Р.Ф. 

Слично

Поврзани вести