Оер:Си го поставуваме прашањето како ќе се излезе од кризата?
Француската амбасадорка во Скопје, Лоренс Оер денеска изјави дека е загрижена од политичката криза во земјава и дека е потребно да се најде решение.
Таа смета дека политичката криза ги загрижува сите, а посебно неа која доаѓа од Франција, земја основач на ЕУ.
„Штета е што на 9 мај треба да ја славиме Европа во ситуација кога сме загрижени за Република Македонија и си го поставуваме прашањето како ќе се излезе од кризата. Се прашуваме како на 5 јуни би имало избори кога условите сè уште не се усогогласени помеѓу политичките партии, листите не се подготвени и навистина мора да се излезе од оваа криза,“ - рече Оер.
Амбасадорката денеска ја посети Битола и француските гробишта каде што се одбележуваше 8 Мај, денот кога во 1945 година заврши Втората светска војна.
